Прво возење со Fiat Punto Evo
Веста е објавена на 16.11.2009

Прво возење со Fiat Punto Evo

Punto Evo пред еден месец имаше екстравагантна промоција на Cavour, носачот на авиони на италијанската воена морнарица. Лансирањето на „точката“ воедно е еволуирање во понапреден, поеколошки, побезбеден и поубав градски автомобил...

Fiat ја поднови својата точка. Наследникот на Grande Punto доби неколку визуелни зафати на предниот и на задниот дел, помоќна муцка, поголеми одбојници и дуфузери, изменета маска. Всушност, ретко кој ја менува добитната комбинација, а Punto со сигурност е добитна комбинација за Fiat. Всушност, тоа е најпродаваниот модел на производителот од Апенинскиот Полуостров, со над седум милиони продадени единици. Но, еволуцијата, гледано однадвор, се претвори во револуција, ако се погледне внатре и под хаубата, односно технолошките решенија и комуникациони системи. Се чини дека и овој пат италијанските конструктори и дизајнери понудија вистинска еволуција на успехот. “Точката“ во секој случај ќе продолжи со својот освојувачки поход, во што ќе и помогнат помоќните флуидни линии со издиференцираните сферични линии. Еволуцијата на Grande Punto премиерно претставување за специјализираните новинари од сите страни на светот (покрај статичната на Салонот за автомобили во Франкфурт) имаше на најголемиот воен брод на италијанската морнарица, носачот на авиони, Cavour. Невообичаениот амбиент, мноштво лица во свечени бели униформи, необичната сцена, 12 бродски нивоа, големата палуба долга 240 метри со патеката и катапултите за полетување, даваа посебен печат на оваа несекојдневна автомобилска премиера. Сето тоа, од една страна будеше љубопитност да се ѕирне во секое бротско катче, а од друга страна, некој вид мала неудобност. Но, командантот на бродот и екипажот беа исклучително гостољубиви, а за подобро снаоѓање во новата средина ни помогнаа и луѓето од екипата на Fiat. Fiat Punto Evo полета на автомобилското небо Прес-конференцијата во потпалубата голема како огромен хангар, заврши со вистинско крешендо. „Туш“ за победничкиот марш на Punto Evo беше кревањето на платформата (потпалубата), сосе новинарите кои беа замолени да останат на своите места. Моќните елеватори не пренесоа на палубата, каде на полетно-слетната патека и на лансирната рампа се „перчеа“ моделите на Punto Evo со пет и три врати. Некои излезени од поднивоата на бродот, други спуштени со големите хеликоптери-транспортери. Лансирањето на новата изведба на популарната „точка“ беше проследено со убави хостеси и салви од огномет. Тука за првпат можевме директно да ја почувствуваме еволуцијата на Punto. Подинамичната фигура е проследена со поквалитетен ентериер, подновена и подобрена погонска група со помоќни, поекономични и поеколошки мотори. Следат новитети – Blue Me технологијата, USB приклучок, Tom-Tom систем за навигација со можност на инсталирање на eco-driving системот, со старт-стоп системот за штедење на гориво во градски режим на експлоатација. На тоа се надоврза бројната електроника на сигурносните системи ABS, EBD, ESP Hill Holder, што ја следат засилената конструкција на каросеријата, светла за магла, корнеринг фарови, седум воздушни перници меѓу кои и за колената на возачот... Одвај го дочекавме наредниот ден за сето тоа да го почувствуваме под нашите раце. Внатрешноста е класа погоре Наредниот ден пред нас беа „распослани“ најразлични моторни изведби на Punto Evo со три и пет врати. Широката гама мотори со Еуро 5 стандарди, меѓу кои се истакнуваат 1.3 Multijet од втората генерација и 1.4 Multiair, со револуционерна технологија развиена од Fiat Powertrain Technologies, се дополнителни адути во оваа еволуција на Punto. Пред се привлекуваат со намалувањето на потрошувачката и на емисијата на гасови, во што помага и системот старт&стоп – во серија на сите бензински мотори и дизел Еуро 5 - што управува со привременото гасење на моторот во случај на застој во сообраќајот. „Бензинците“ се со ист волумен но со поголема сила (до 10%) и вртежен момент (до 15%). Според челниците од Fiat, редуцирана за 10% е потр