„Фолксваген“ е најпродаван во Европа
Веста е објавена на 20.01.2012

„Фолксваген“ е најпродаван во Европа

Во 2011 година „Фолксваген“ повторно ја заврши убедливо прв според продажбата во 27 земји на ЕУ. Германскиот производител продал 1.544.529 возила, а неговиот модел “голф“ е најпродаван автомобил. На последно место е „Јагуар“ со 23.074 продадени возила, а добра раст има „Џип“ со 23.745 возила (+61,5 отсто) и „Лексус“ со 27.016 возила (+ 53 отсто).
Десетте најпродавани брендови во Европа се: „Фолксваген“ – 1,544,529 (+9 %), „Форд“ – 1,077,759 (-2.9%), “Рено“ – 1,044,920 (-9%), „Опел“ – 989,261 (- 1.8%), „Пежо“ – 911,703 (-9.4%), „Ситроен“ – 770,726 (-8%), „Фиат“ – 682,140 (-17.2%), „Ауди“ – 680,262 (+9%), „БМВ“ – 641,737 (+5%), „Мерцедес“ – 591,750 (+1%).