„Сааб“ продава музејски модели
Веста е објавена на 20.01.2012

„Сааб“ продава музејски модели

Освен што со банкротот на „Сааб“ ќе снема еден бренд, финансиката криза оди уште подлабоко кај швеѓаните, кои ја растураат и колекцијата на историски модели што ги имаат во Тролхатан. Неодамна шведската адвокатска компанија задолжена за раководење со ликвидацијата на „Сааб“ објави дека распродава 100 класични автомобили, кои со години биле дел од музејската поставка.
Многу ретката колекција содржи и некои автомобили кои се во приватна сопственост, а се наоѓаат во музејот како дел од поставката, додека другите ќе бидат мамка за колекционерите, како што е н апример рачно изработениот прототип од 1946 година или познатиот „аеро Х концепт“ од 2006 година. Меѓу моделите се наоѓаат и и „900 турбо“ од 1981 година кој е користен во филмот на Џејмс Бонд, како и прототипот „9-6Х“ базиран на „Субару трибека“.