Корејските автомобилски производители се во голема експанзија. Секојдневно сме сведоци на пристигнувањето на нови модели, а во оваа прилика ви ги носиме првите официјални фотографии од втората генерација на моделот „киа сид“.
Неговото прво преставување во јавност треба да се случи на почетокот од март на саeмот за автомобили во Женева. Втората генерација на „сид“ се потпира на новата дизајнерска филозофија на брендот која веќе започна да се применува и можевме да ја видиме на моделите „рио“ и “пиканто“.
Во моторната понуда најверојатно ќе се приклучат новиот неверојатно економичен и еколошки 1,1-литарски дизел агрегат и спортски ориентираниот 1,6-литарскиот турбо бензинец со моќ од 201 КС. Засега е познато како ќе изгледа моделот со пет врати, а дали на него ќе му се приклучи караванската изведба и спортски настроениот модел со три врати, ќе треба да почекаме уште некое време.