„Џенерал моторс“ ги повлекува од пазарот сите досега продадени автомобили „шевролет волт“ поради одлуката да се вгради дополнителна заштита за напојувањето. По претходните тестови на Националната управа за безбедност на сообраќајот, утврдено е дека кај моделот „шевролет волт“ после страничен удар може да истечен течноста за разладување од литиум јонските батерии, што се наоѓаат во долниот дел и да се запали возилото.
Во соопштението на „ЏМ“ се се вели дека немаат сознанија некој од проданите возила “волт“ дека се запалил, но за подобрување на безбедноста сакаат да за засилат заштитата на акумулатори и да го подобрат системот за ладење.