Peugeot пријател на филмското платно
Веста е објавена на 11.01.2012

Peugeot пријател на филмското платно

Во време кога францускиот автомобилски бренд слави 200 години, истовремено се потврдува и довербата што Peugeot ја има со познатиот режисер Вуди Ален кој во многуте филмови користи возила на француската марка.

Моделите Peugeot 508 и 5008, заедно со 177 Torpedo и Peugeot 401 го придружуваат Peugeot Landaulet 184 од 1920 година во ноќните авантури на главниот лик. „Полноќ во Париз“ најновото чедо на Вуди Ален е магија за очите. Филм, со кој беше отворен Канскиот филмски Фестивал и кој веќе е добро познат на јавноста.

Во текот на годините, Peugeot е вклучен во бројни кинематографски продукции. Уште од времето на класиците „Зази танцува во подземната железница“ (“Zazie dans le métro”) и „Празник“ (“Jour de fête”), па сè до поновите филмски остварувања како што е филмот „Такси“.
Традицијата продолжува и Peugeot се појави и во филмот на Вуди Ален имануван како „Полноќ во Париз“. За потребите на снимањето на овој филм, десет автомобили на Peugeot како историски така и современи модели, беа обезбедени од компанијата. Во филмот, покрај возилата на Пежо, во дел од сценографијата ќе забележите и Peugeot велосипеди како во сцените од 1920 година така и во сцените од 2010 година.
Главниот лик, толкуван од планетарно обожуваниот Овен Вилсон (Owen Wilson), патува низ времето со Landaulet 184. Ова возило датира од далечната 1920 година и како модел перфектно се вклопува во целата приказна. Покрај ова возило, во филмот се појавуваат и 177 Torpedo, Peugeot 401 од 1934 година како и внатрешноста на Peugeot 404. Од моделите од денешницата, застапени се Peugeot 508 и Peugeot 5008.
Peugeot Landaulet 184 е сопственост на компанијата и дел од музејската колекција на Peugeot во Сошо (Musée Peugeot à Sochaux). Покривот на овој модел може да се отвори, при што возилото добива поинаква димензија во кабрио стил. Од овој модел биле развиени следниве верзии: седан и верзија на лимузина со затворен покрив, верзија за шест патника или купе верзија за два патника.

Сиот тој француски луксуз бил создаден на шасија со должина од 5,2 m и меѓуосовинско растојание од 3,6 m, ново развиен шест цилиндричен мотор со 3,76 литри корисен капацитет, 4-ри степен менувач, 80 коњски сили, 3000 вртежи во минута и максимална брзина гравирана на скромни 115 km/h.
На врвот од автомобилот, гордо извиен лав со подадена предна шепа, симбол на брендот кој датира од истото време. На предната решетка во склоп на логото, поставени се иницијали со латински букви „S-S”, кои се ознака за моторот. Овој мотор е првиот во тој период кој функционирал со неверојатна елеганција и без голема бучавост. Иноваторот, Чарлес Кнајт (Charles Y. Knight) подоцна ја продал лиценцата на европските, британските и американските автомобилски производители за потребите на нивните луксузни возила.
Во тоа време, Landaulet 184 беше последното луксузно возило од Peugeot и беше произведено во 50 примероци за период од две години.