Од Индија доаѓа најава за ново ултра евтино возило, што сигурно ќе му биде конкуренција на моделот Tata Nano. Индиската компанија Bajaj Auto пред почетокот на саемот во Њу Делхи и официјално го претстави своето нискобуџетно возило, Bajaj RE60.
Ова мало и лесно градско возило, кое тежи само 400 кг, е наречено RE60, според емисијата на ЦО2 што изнесува 60 грама на километар. Го покренува бензински мотор од 200 см3 и 20 КС. Моторот е сместен позади, а на купувачите ќе им се нудат и верзии на природен гас и ЛПГ.
Според најавите на фабриката RE60 ќе може да достигне максимална брзина од 70 км/ч, а со еден литар гориво може да се минат околу 35 км. Има место за четири патници (во 2+2 или 1+3 конфигурација). Должината на возилото е 2752 мм, ширината – 1312 мм, а висината – 1650 мм.
Цените ќе бидат дополнително соопштени, а наближува и сериското производство што според најавите би требало да биде за неколку месеци. Неофицијално, RE60 во Индија ќе чини од 1.700 до 2.800 евра.