Германските работници двапати поплатени од американските
Веста е објавена на 03.01.2012

Германските работници двапати поплатени од американските

Работниците во германската автоиндустрија заработуваат два пати повеќе отколку оние во Америка, покажува најновата анализа. Германските работници во производство на автомобили во просек заработуваат по 67,14 долари на час, а просечната плата на вработените во американската автоиндустрија е 33,77 долари.

Во анализата се наведува дека во целта на синдикатите во Германија е да обезбедат поголема заработувачка и задоволувачки услови за работа.

Главната разлика во односите на синдикатите и управите во двете најмоќни економии е што во САД односите почиваат на соперништво, а во Германија се развиваат на основа на соработка, се наведува во анализата.

Вработените во иста авто компанија во САД имаат помала заработувачка отколку во Германија. На пример, вработените во фабриката на VW во американската фабрика Катанога, добиваат по 14,5 долари на час, а после три години заработувачката се зголемува на 19,5 долари на час.

BMW има погон во Спартанбург, во Јужна Калифорнија, исто така прифатил правило на наградување кое важи на локалниот пазар, што значи дека работниците на иста компанија, во САД имаат помала заработувачка отколку во Германија.