Меѓу скапо платените професии, покрај спортот е и актерството. Холивуд е меката на актерите, а од милионските суми за одредени филмови, можат да си дозволат некој процент да потрошат и на автомобил.
Силвестер Сталоне е познат како голем љубител на возилата на Volkswagen и често може да се види во својата Jetta. Тоа не значи дека познатиот “Роки Балбоа” не се вози во други автомобили, а меѓу омилените му се Camaro SS, потоа црн Mercedes-Benz SL65 и Porsche Panamera 4. Ова последното, реши да го продаде.
Од заводник како што е Бред Пит, се очекува и автомобил достоен на неговата титула. Но Mercedes S Class или G-Wagon се неговиот избор. Но, тој не е само по возилата со трикрака ѕвезда, туку во својата колекција има и BMW Hydrogen 7. Кога е семејството во прашање, Бред и Анџелина Џоли често може да се видат заедно во Chevrolet Suburban, додека за превоз на децата користат комби Mercedes-Benz Sprinter.

Арнолд Шварценегер покажува дека има стил кога се во прашање автомобилите. Бившиот гувернер во Калифорнија, во својот возен парк има Bentley Continental Supersports, Porsche 911 Turbo со црвена внатрешност, хибриден Chevrolet Escalade, Mercedes-Benz G Wagon. Во неговата колекција се наоѓаат и стар воен џип и еден тенк. Се работи за тенкот во кој Арнолд го отслужувал воениот рок во Австрија.
Ал Пачино е еден од бројните актери-љубители на Range Rover, и е горд сопственик на еден примерок со бела боја, додека за возење низ град го користи Lexus GX и Toyota Land Cruiser.
Антонио Бандерас е само еден од многуте што возат Audi Q7, и е на добар пат да биде најпопуларен СУВ меѓу холивудските ѕвезди. Комичарот Адам Сандлер е љубител на Chevrolet, што го потврдува моделот Escalade, DTS и CTS, кои се во негова сопственост.
Продолжува….