На фестивалот на класични автомобили во калифорнискиот Pebble Beach Concours d’Elegance, Cadillac го претстави возилото Ciel, што во превод од француски јазик значи „небо“. Свилениот воал беше тргнат од возилото еден ден пред официјалната промоција, за да можат поканетите гости, потенцијалните купувачи, новинарите, да го разгледаат, да ги дадат своите коментари.
Без да каже “ретро“, Ед Велбурн, главниот на одделот за дизајн во GM, го опиша возилото како предвесник на новиот дизајн на следните луксузни возила. Кај Ciel е впечатливо што покажува како автомобилот допира кон сопственото наследство, и обезбедува визија за тоа каде дизајнот на Cadillac може да биде водечки во блиска иднина.
GM потврдува дека возилото со отворен покрив и со четири седишта може да се напојува со двоен турбомотор со сила од 3,6-литри со директно впрскување, V-6 мотор, поврзан со хибриден систем, користејќи литиум-јонска батерија.
Cadillac долго беше лидер „преку Барата“ кај луксузните возила, а со продажбата сега заостанува зад странските ривали како BMW, Lexus и Mercedes Benz. Но, Cadillac повторно цврсто гази на земја, почна да враќа дел од загубениот колач и почна да се фокусира на повпечатлив дизaјн.
Со уверување дека има можност за раст, менаџментот на GM му даде зелено светло на Caddy за да ја збогати понудата на нови модели, вклучувајќи го ELR plug-in хибридот, како и малиот Cadilalc ATS и поголеми XTS.
“Ви треба предводник во вашето портфолио за да се биде успешен на пазарот на луксузни возила денес”, вели Клеј Дин, главниот дизајнер на марката.
Ciel е навестување на она што би можел да биде ваков автомобил. Долг речиси колку Cadillac Escalade SUV, прототипoт беше прикажан во кабрилет-форма, но ако почне да се произведува, веројатно ќе се понуди на пазарот и како седан, тврдат внатре во компанија лица што не сакаат јавно да проговорат, барем не се уште.
Ciel на француски значи „небо“, и има двојно значење – се повикува на кабриолет-дизајнот, но името, исто така укажува на тоа дека небото е граница, колку што е GM е во прашање, ако Caddy може да направи пресврт.
Тоа веројатно зависи од реакцијата на пазарот, и тоа не само во САД – и покрај тоа што и понатаму останува најголемиот пазар на луксузни возила во светот. Но, Ciel, без разлика дали во кабриолет или хард-топ форма, исто така ќе има цел да ја освои и Кина, сега најголем светски автомобилски пазар, и место каде што има се повеќе богати купувачи кои покажаа наклонетост за големи, раскошно опремени автомобили.
“Ние не сакаме да бидеме носталгични, треба да погледнеме кон иднината”, инсистира Дин, иако е тешко да се пропуштат ретроелементите вклучувајќи ги и останатите перки, што беше забележано и од страна на стајлинг-директорот на GM, Велбурн, кои потсетуваат на Caddy од почетокот па се до средината на 60-тите години од минатиот век
Возилото што беше покажано, Ciel, имаше и нешто позајмено од традиционалниот конкурент Lincoln, со долга, нешто послаба еднострана форма поделена од двете традиционални предни и задни “самоубиствени врати“.
Всушност, ако Ciel треба да оди во сериско производство, тоа ќе биде првиот модел со четири врати, кабриолет, после Lincoln кој имаше таков модел пред половина век.
На карактеристичната надворешност на Ciel со LCD-светилки и впечатлива предна маска, се надоврзува уште повпечатливата внатрешност која е опремена со многу површини со раскошна кожа и делови со дрво и хром. Постојат различни, единствени и необични детали, како на пример џебовите со патенти и можноста за повлекување на завесата за да се обезбеди малку топлина за патниците на задните седишта.
Cadillac го покажа новиот Ciel истата вечер кога Lexus ја промовираше својата следна генерација на GS-седан. Вториов (Lexus) може да се пофали во автоиндустријата со рекордни 12,3-инчен LCD-екран. Автомобилот Ciel оди во друга крајност. На прв поглед се чини дека не не следи сите, но една поблиска инспекција открива неколку помали дисплеи вградени во крило.

Тоа се вклопува во дизајн-филозофијата што е во остар контраст со насоката на многу луксузни автомобилски производители. Помалите монитори за светлина се вклучуваат само кога е потребно, и голем дел од основните информации на возачот се појавуваат на дискретниот head-up дисплеј проектиран во шофершајбната. Други внатрешни компоненти се преместени надвор од погледот на очите заедно со другите, вклучувајќи ја и контролата на клима-уредот и отворите за дување на воздухот.
Она што го гледате, како што е осветлениот брзинометар, има за цел да пренесе чувство на елеганција, но повеќе во форма на зголемување на резолуцијата на архитектонски дизајн, отколку на традиционален автомобилски распоред.
Cadillac ќе го произведува Ciel? За момент, официјалните претставници на компанијата нагласуваат дека не постои дури ни платформа во корпоративното портфолио да се произведува. Тоа е “официјална изјава” во согласност со објаснувањето на нејзиниот главен дизајнер, но, нешто укажува дека Cadillac прави „камбек“. Таа порака во голема мера ќе биде изгубена ако Ciel биде само уште еден во долгата линија на „покажани“ автомобили кои никогаш нема да ги гледаме во изложбен салон.
Добрата вест за оние на кои им се допаѓа дизајнот, е тоа што GM ја разгледува опцијата за предводник на автомобил кој е дури и поголем од наредниот XTS. Висок извор од компанијата вели дека во Cadillac има поделени мислења, но одлуката најверојатно ќе биде донесена во следните месеци.
Се очекува GM да ја измери потенцијалната побарувачка, не само во САД туку и на другите пазари, вклучувајќи ја и споменатата Кина.
Тоа не е гаранција дека Ciel ќе стигне на пазарот. Но, според Дин, во Cadillac дефинитивно има желби и потреби за “отворен автомобил.” Прототипот речиси сигурно ќе се промени ако влезе во производство, но со оглед на тврдењето на Cadillac дека карактеристичниот стил е од клучно значење за неговата иднина, некои повеќе атрактивни елементи на Ciel е подобро да го покажат тоа на пазарот.