Nissan Murano
Веста е објавена на 27.08.2010

Nissan Murano

Конечно дизел-агрегат

Најексклузивниот SUV-модел од производната гама на Nissan конечно ќе добие своја дизелска изведба. Европската централа на јапонскиот бренд официјално ги откри деталите за моделската 2011 година, во која стои дека Murano ќе го понесе 2,5-литарскиот дизел-агрегат со четири цилиндри кој поседува 190 КС и 450 Нм при 2.000 врт./мин. и е опремен со 6-степен автоматски менувач. Просечната декларирана потрошувачка изнесува 8 литри а емисијата на Цо2 е 210 г/км, што ги задоволува Еуро 5 стандардите. Со претставувањето на дизел-агрегатот Murano за престојната сезона ќе добие и неколку измени на каросеријата. Промените главно се однесуваат на предниот дел кој сега има поспортски изглед со поголеми отвори за воздух и нови светла за магла. Како што прилега на секој премиум-модел, така и Murano е богато опремен. Стандардно ќе се испорачува со 20-инчни тркала, биксенон светла, Nissan Connect-систем со 7-инчен екран чувствителен на допир, HDD од 9,3 GB, iPod и bluetooth-поддршка и музички систем Bose со 11 звучници…