Mercedes Benz G Wagon LAPV 6.X Concept
Веста е објавена на 27.08.2010

Mercedes Benz G Wagon LAPV 6.X Concept

Превоз за специјалните единици

Планирате да нападнете некого? Тогаш со сигурност ви е потребно вакво возило. Концептот базиран врз G-класата на Mercedes Benz со ознака LAPV 6.X Concept, беше претставен на изложбата за одбранбени возила Eurosatory  во Париз, Франција. Наменет е за одбранбените сили со заштита од нагазни мини и еден куп додатоци кои се употребуваат исклучиво во воената индустрија. Клиренсот на возилото се командува од кабината, а најголемата оддалеченост од подлогата може да изнесува  450 мм, максималната дозволена тежина која може да ја понесе е 1.300 кг. Неговата максимална брзина изнесува 150 км/ч, без разлика дали е под полна оптовареност или е празен. LAPV 6.X Concept е опремен и со ЕADS кој обединува повеќе телекомуникациски и информациски функции: автоматско документирање на виталните делови од мисијата, како позиција, статусот на возилото, интегриран радио и сателитски прием со посебен систем за попречување на секој обид да се пробие сигналот, со што би се обезбедило сигурно враќање на единицата во својата база.