Во Америка почнува да се размислува европски, барем кога се гледа низ призмата на автомобилската индустрија. Малолитражни модели, со атрактивен но глобален дизајн, што не го преферира американскиот стил, тоа е солуцијата за профитабилно производство ...
Салонот за автомобили во Детроит, покажа два важни моменти. Првиот е дека автомобилската индустрија во САД полека ја премостува економската и финансиска криза, а вториот е дека истата се повеќе се врти кон глобалната филозофија. Односно ја прифаќа идејата за еден автомобил наменет за светскиот пазар, а не верзии за секој пазар посебно. Така се намалува цената на производството по модел и се станува поконкурентен на пазарот. Од друга страна се подоминантна станува идејата за помали, поекономични, но моќни мотори, како и идејата за промовирање на хибридните и електричните погони. Имено, американските прозводители на возила, по три децении барање на инспирација и идеи од азиските производители, прават вистинска пируета, вртејќи се кон старата дама, Европа. Малите возила, се поекономични, поеколошки и попрактични за претрупаните градски улици во американските мегаполиси. Европските производители нудат мали возила, со 4 цилиндарски, а не шест и осум цилиндарски агрегати, со ниска емисија на издувни гасови, но со голема моќ, благодарејќи на турбополначите и напредната технологија. Тоа е единствената насока за успех и профитабилност, што Американците, а во тоа се уверивме на Салонот во Детроит, ја прифатија. Се разбира се уште се прават V8 мотори со 400 и повеќе КС, но нивниот број во споредба со хибридите, електричните возила и малолитражните автомобили е се помал. Така во Детроит главни “ѕвезди” на Chevrolet се моделите: Chevrolet Spark, Chevrolet Аveo, Chevrolet Cruze, мали и компактни автомобили, со зафатнина на моторите од 1.4 до 2.0 литри но со сила поголема и од 150 КС. Круна на нивниот настап е електромобилот, Chevrolet Volt, гордоста на компанијатa, што тука се покажа во својата финална верзија. Од своето “царство” во Детроит, Ford го лансира глобалниот адут во компактната класа новиот Ford Focus, што на пазарот ќе се појави идната година. Следи малата Ford Fiesta, од моделската 2011-та, потоа Ford Fusion hybrid, најефикаснo и најеколошко мало возило во САД. Volvo, пак, привлекува со својата електрична изведба на Volvo C30 , а треба да се истакне и BMW со сoncept ActiveE. Американскиот независен мал производител TESLA, ја развива својата идеја на спортски автомобил придвижуван само со електромотор со новитетот Tesla sedan. Јапонскиот бренд Honda, го претстави својот најнов и најефикасен хибрид, CR-Z, што треба да биде голем конкурент на треттата генерација на Toyota Prius на американскиот пазар. Но Toyota не се предава така лесно и тука ја промовира новата генерација на компактни хибриди што трeба да го наследат Prius. Европејците и директно се наметнуваат на американскиот автомобилски пазар. Така, Fiat 500, во својата нова пет годишна стратегија по откупот и размената на акциите со Chrysler, најави зголемување на учеството на мали агрегати со четири цилиндри од сегашни 19 % на над 40 % на маркетот во САД. Со нов хибриден концепт настапува и најголемиот европски производител, VW. Станува збор за coupe concept hybrid, со кој се вклучува во освојување на американскиот пазар кој е подготвен да “проголта” се поголем број на еколошки, “пријателски” автомобили. Комбинацијата на бензински и електромотор резултира со емисија на СО2 помала од 100 грама на еден изминат километар. Неговиот близок роднина од Audi, моделот E-tronic, сега засега е само студија. Со 204 КС и забрзување од место до “стотка” за само 8 секунди, со врвна електроника и ултра дизајн. Сепак не се заборавени големите и моќни претставници. Луксузните лимузини, спортските и елегантни автомобили. Иако помалубрјни одошто на Салонот за автомобили во Франкфурт и овдека привлекоа голем број на новинари. Така Мercedes реинкарнацијата на легендарната спортка икона SLR, ја надополни и со не толку екстравагантниот, но сепак егзотичен Mercedes E-clasѕ coupe cabrio. “Господарот на прстените” имаше светска премиера на адмиралскиот брод од својата флота, Audi 8. И, баварскиот BMW 740i , спаѓа во оваа класа на “премиерски” лимузини со напредна технологија и врвна удобност. Италијанскиот “шармер” од висока класа Maserati Gran Turismo convertibile неодоливо ги привлекуваше погледите на новинарите со своите заводнички линии. Супер престижните Maybach Cepelin, односно Bentleu mulsanne, со кралската раскош, ја претставуваа благородната елита. Екстра спортскиот Chevrolet Corvette Z1, со над 600 КС, односно враќањето на легендата Ford Mustang GТ со V8 мотор со 412 KC., како и ништо послабиот Dodge Viper, се чини ја пеат лебедовата песна, барем кога се во прашање големи продажни бројки. И кога сме кај осум и повеќе цилиндарските агрегати, мораме да напоменеме дека освен во овие американски легенди, се вградува и во останатите модели под капата на “синиот овал” Lincoln, Mercury, однодно на GM, Chevrolet Cadillac Buick , и тоа не само во автомобилските изведби, туку и во пик-ап, односно големите вaнови. Заклучок е дека американската автомобилска индустрија се врти во друга насока. Се подоминантни се малолитражните изведби. Хибридната технологија е се позастапенa, а се поблиску е и се чини големосериско производство на електрични автомобили. Ефектот на стаклената градина, се поголемата еко свест и построгите норми го забрзуваат реализирањето на оваа програма. И сосема на кусо за спектаклот на Салонот во Детроит. Гламурозноста и сјајот беа во границите диктирани од рационализацијата на трошоците. Немаше расфрлање во ектравагантноста. Немаше спектакуларни штандови, а се “штедело” и на бројот на убавите хостеси. Веќе ги нема крај секој изложен експонат. Една хостеса “покрива” повеќе модели и се обидува да стигне да одговори на сите барања на заинтересираните фоторепортери за “фотосесии” крај убавиците на четири тркала. Со еден збор кажано, без одвишни трошоци и економично во секој поглед.
Audi A8
Audi E-Tron Concept
Bentley Series 51
Continental GTC
Bentley Mulsanne
BMW ActiveE
Concept
BMW Z4 sDrive35is
Buick Regal
GS Concet
Cadillac CTS-V Coupe
Honda CR-Z
Lincoln MKX
Mercedes-Benz
E-Class Cabriolet
Mini Beachcomber
Concept